Штрајк на „Слобода превоз“, не сообраќаат линиите 9,12,22,23 и 45

од Nikola Popovski
190 прегледи

Приватниот превозник „Слобода превоз“ од денеска не вози бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ не им плаќаат и им должат околу еден милион евра. Во прашање се автобуските линии со број 9, 12, 22, 23 и 45 кои од утрово не возат по скопските улици.

Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси.

Од „Слобода превоз“ најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив. Исто така, ќе побараат одговори на повеќе прашања, меѓу кои и за тоа зошто и каде завршуваат прибраните средства во ЈСП од продадени билети, како и за превоз на ученици од кои приватните превозници треба да бидат исплатени.

На 20 октомври, главниот град за прв пат во историјата остана без јавен превоз, зашто не возеа автобусите на ЈСП „Скопје“ оти вработените немаа земано плата.

Слични содржини