Шуаи Пенг обвини поранешен вицепремиер на Кина за сексуален напад

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Шуаи Пенг, го обвини поранешниот кинески вицепремиер Занг Гаоли за сексуален напад.

Тешките обвинувања стигнаа на адреса на пензиониран комунистички функционер, а Пенг своите обвинувања ги изнесе на мрежата „Веибо“.

Објавата во меѓувреме е избришана, а потрагата по приказната на тенисерката е ограничена.

Занг има 75 години, тој беше вицепремиер од 2013 до 2018 година, како близок соработник на актуелниот претседател на Кина – Си Џинпинг.

Тенисерот изјавил дека Занг првпат сексуално ја нападнал кога дошла во неговиот дом да игра тенис.

„Не дадов согласност тоа попладне и не можев да престанам да плачам. Ме донесе кај него дома и не натера да имаме врска. Немам докази и беше невозможно да ги направам. Секогаш се плашеа да не земам со мене нешто како магнетофон или да снимам. Нема аудио снимки, нема видео снимки, само мое искривено, но многу реално искуство“, напиша тенисерката.

Таа беше првата кинеска играчка која стана прва на листата во машка или женска конкуренција, кога во 2014 година беше најдобра дубл тенисерка во светот.

Истата година, таа стигна до финалето на УС Опен во сингл.

Слични содржини