Кинеската тенисерка Шуаи Пенг, чија ситуација со недели е предмет на меѓународна загриженост, присуствуваше на тенискиот турнир во Пекинг во организација на Отвореното првенство на Кина.
Пенг се водеше како исчезната откако обвини поранешен висок функционер дека сексуално ја нападнал, а сега во јавноста се појавија нејзини фотографии направени на турнир во Пекинг.
На објавените фотографии Пенг може да се види меѓу гостите на финалето на „Фила Кидс Јуниор Тенис Челинџер“, облечена во темно сина јакна и бели панталони, пренесе Ројтерс.
Peng Shuai showed up at the opening ceremony of a teenager tennis match final in Beijing on Sunday morning. Global Times photo reporter Cui Meng captured her at scene. pic.twitter.com/7wlBcTMgGy
— Hu Xijin 胡锡进 (@HuXijin_GT) November 21, 2021
Поранешниот светски рекет број еден во двојки не се појави во јавноста откако на 2 ноември на кинеските социјални мрежи објави дека поранешниот потпретседател Џанг Гаоли ја принудил на секс пред три години и дека подоцна имале доброволна врска, но ниту Џанг ниту Кинеската влада ги коментираше нејзините наводи.
Нејзиниот коментар беше брзо избришан од социјалната мрежа Веибо, водечката кинеска социјална мрежа, но на интернет се појавија „скриншотови“ од нејзините обвинувања.
Video shot by my colleague Cui Meng at the National Tennis Center showing Peng Shuai signing signature on large-sized tennis balls at the opening ceremony of Junior Tennis Challenger Final, a way of inspiring more kids to play tennis as hobby and may also as career pic.twitter.com/Sbyj5V5a7Y
— Qingqing_Chen (@qingqingparis) November 21, 2021
Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот објави дека не знаело за контроверзноста околу Пенг.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Жао Лиџијан, им изјави на новинарите дека прашањето не е дипломатско, и дека тој не е информиран за ситуацијата, пренесе АП.