Шукова: Ќе го дигнеме јавниот превоз од пепелта во која ВМРО-ДПМНЕ го остави да тоне четири години

од Nikola Popovski
22 прегледи

„Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Тоа е последното нешто што му треба на Скопје. Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам“, смета потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова.

Според неа, граѓаните на Скопје заслужуваат уреден кеј со велосипедски и трим патеки, урбана опрема, зеленило и чист воздух. Шуков тврди дека тоа е визијата што ќе ја брани, кејот како градска оаза за спортување, пешачење, семејни прошетки и живот.

-Што му треба на Скопје? Сериозен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Наместо да се фрлаат нереални идеи кои звучат добро на хартија, а се катастрофа во реалноста, ќе предложиме нов, модерен систем на јавен превоз кој ќе биде брз, достапен, чист и одржлив. Ќе го дигнеме јавниот превоз од пепелта во која ВМРО-ДПМНЕ го остави да тоне четири години.

Моја заложба како кандидатка за градоначалничка е јасна, Скопје ќе биде град за луѓето. Град на велосипедисти, мајки со деца, спортисти, рекреативци, ученици, пензионери, реагира потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова.

Екс-министерката за животна средина ќе ги вкрсти копјата за Скопје со актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Во следниот период со свој кандидат треба да излезат и останатите партии како што се ВЛЕН, ЗНАМ, ДУИ и Левица.

Слични содржини