„Ако сериозно ја спроведуваме стратегијата за климатски промени, а секако и новиот Закон за клима, кој треба во скоро време да се најде во владина и собраниска процедура, ние ќе генерираме десетина илјади зелени работни места, што е предизвик за земјите-членки на ЕУ и секако и нашата држава“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова на конференцијата „Година на европски можности“.
„Имаме долгорочна стратегија за климатски промени, јасно детерминирана што треба да направиме со јасно утврдени цели и мерки. Мораме да инвестираме во овие сектори кои влијаат на климата, бидејќи секое неинвестирање ќе ни донесе многу повеќе трошоци подоцна“ рече Шукова.
Таа додаде дека има одлична соработка со ресорите кои влијаат на климатските промени, како енергетика, транспорт, земјоделие и заедно се детерминираат цели, пред се во насока на намалување на климатските промени, намалување на загадувањето на животната средина и подобар економски раст.