Шукова за пропаѓањето на тендерот за „Чебрен“: Очигледно грчката компанија со овие услови не можеше да обезбеди заеми од банките

од Nikola Popovski
386 прегледи

Согласно тендерската документација, додека е активна банкарската гаранција, понудувачот требаше да пристапи кон потпишување на договор за заедничко вложување со ЕСМ и тоа не го направи. Ние некаде околу 15 декември упативме допис до компанијата, да ја потсетиме дека банкарскаа гарација е активна до 31 декември. Бидејќи не добивме никакви дополнителни информации од компанијата, банкарската гаранција веќе не е активна и понудата веќе не важи и не можеме да продолжиме понатаму, изјави денеска министерката за животна средна и просторно планирање, Каја Шукова за пропаѓањето на тендерот за реализација на проектот „Чебрен“.

Според неа, грчката фирма „Архиродон“ испратиле жалба во однос на одлуката на Владата и соопштиле дека имаат одредени услови кои што не овозможуваат добри можности да обезбеди средства од банките за да го гради „Чебрен“.

-Тие дополнителни барање не беа дел од тендерската документација и како такви, Владата не можеше да ги прифати во однос на другите кои што подигнаа документација и се јавија на тендерот. Затоа одлучивме условите да останат како во тендерската документација. Очигледно компанијата со овие услови не можеше да обезбеди заеми од банките, со оглед дека се работи за голема финансиска конструкција од милијарда евра, кажа Шукова.

-Ги знаеја условите, меѓутоа аплицира и друга компанија, која немаше доставено целосна документација. Најверојатно утврдиле дека им се потребни уште некои услови за да обезбедат пари и одржливост на проектот, кажа министерката.

Во однос на тоа зошто не се активира банкарската гаранција, Шукова вели дека гаранцијата се наплатува во корист на Владата само ако избраниот понудувач ја одбие поканата за склучување договор за концесија за добра од општ интерес и не го потпише договорот и доколку ја повлече понудата пред истекот на периодот.

-Државата во моментов нема услов да ја активира банкарската гаранција, истакна министерката.

Слични содржини