Шукова: Животот и здравјето на граѓаните не смеат да бидат жртва на лаги и политички калкулации

Според Шукова, Таа посочи дека граѓаните на Скопје со денови се изложени на високи концентрации на тешки метали – олово, арсен и кадмиум

од Бисера Трајковска
8 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Каја Шукова

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, во својата реакција на односот на власта на пожарот во Трубарово, денеска напомена дека наместо навреме да алармираат и да преземат мерки, ВМРО-ДПМНЕ свесно ги оставиле граѓаните да се трујат.

Како што посочува, граѓаните на Скопје со денови се изложени на високи концентрации на тешки метали – олово, арсен и кадмиум, додека власта молчела и ги уверувала дека опасност нема.

-Наместо навреме да алармираат и да преземат мерки, ВМРО-ДПМНЕ свесно ги оставија граѓаните да се трујат. Дури по шест дена беа објавени резултатите од мерењата, кои покажаа дека концентрацијата на кадмиум во воздухот била речиси 12 пати над дозволената граница, а и арсенот и оловото биле над максимално дозволените вредности, напиша Шукова на социјалните медиуми.

Според Шукова, ова не е само негрижа, туку свесно загрозување на здравјето на луѓето.

-Ова е лицето на власта што не знае за превенција, што не знае за заштита, што бега од одговорност и зад лаги ја крие сопствената неспособност. Животот и здравјето на граѓаните не смеат да бидат жртва на лаги и политички калкулации. Мора да има одговорност за ваквото однесување, додаде Шукова.