Мајкл Шумахер веќе ја напуштил болницата „Жорж Пампиду“ во Париз. Таму му била спроведена револуционерна терапија од светски познатиот хирург „Филип Менаше“, изјави новинарот на „Паризиен“, Ронан Фулгоас. Тој бил сведок на пријавувањето на германската легенда во болницата.

„Во париската редакција знаевме дека Шумахер треба да пристигне во оваа болница на 9 септември. Не знаевме, секако, во колку часот или како ќе се донесе тој. Сепак, знаевме дека Филип Менаше. кој практикува во оваа болница, го чека. Тоа беа нашите проверени информации“, изјави Фулгоас, цитиран од француските медиуми.

„Мојата редакција беше во можност да разбере дека Шумахер двапати ја посетил болницата во Париз минатата пролет. Тој двапати дошол со хеликоптер што слетал во јужните предградија, само неколку минути од болницата. Во понеделникот, многу се мобилизиравме. известувачи околу пистата, но ништо не се случи. Бев убеден од моите извори на информации и знаев дека Шумахер ќе пристигне во одреден момент. Точно во 15:40 часот во понеделникот од местото, на кое се наоѓав во болницата, видов раздвижување. Не видов што се случуваше точно, но си реков дека веројатно е поврзано со Шумахер, и токму во овој момент видов како подигнуваат една многу посебна болничка количка на првиот кат“.

„Импресивно беше дека пациентот не можеше да се види од никаде. Околу него имаше цела мека структура, во сина боја што целосно ги покриваше телото и лицето. Изгледаше како скафандер. Околу десетина луѓе одеа до количката, што е прилично необично. Во болница кога пациентот се движи, неговото тело и лице обично се видливи, и обично има само медицинска сестра да ја турка количка. А сега околу неа имаше десетина луѓе“.

„Некои беа чувари на болницата. Другите, меѓутоа, очигледно биле телохранители. Секој со слушалки во ушите и постојано пренесуваа информации на некого. Јасно е дека ако на оваа количка нема шеф на држава, тоа е секако друга важна личност. Мојата информација за пристигнувањето на Шумахер тој ден беше толку проверена што јас не се сомневав – тој беше пред мене“.

„Сцената траеше околу 20 секунди. Јас се наоѓав на околу 10 метри од болничката количка за која станува збор. Болничкиот чувар го блокираше патот. Покрај мене, имаше и случајни луѓе. Јас – не случајно, се разбира. Обезбедувањето го блокираше ходникот после количкат, а потоа го внесоа во просторија во одделот за кардиоваскуларна хирургија“.

За информациите за состојбата на пилотот, Фулгоас рече: „Немаше тензија, очигледно едноставно не беше познато. Неколку часа подоцна, сепак, сè беше поинаку. Особено следниот ден, во вторникот. Веста што ја пуштивме во понеделникот веќе кружеше“.

Во вторникот, се покажа дека сите медицински сестри разговарале претежно на оваа тема – за Шумахер.Тој, исто така, ги коментираше вестите дека Шумахер бил свесен.

„Многу е тешко да се процени. Првично, тоа беше слушнат разговор помеѓу медицинските сестри во болницата, разговор во ходникот. Еден мој колега од редакцијата се најде таму. Јас лично не го слушнав тоа. Тешко е да се процени вистината. И што значи некој значи да се биде свесен? Да ги држиме очите отворени? Или едноставно да можеме да комуницираме на минимум? Навистина е тешко да се суди. И тоа е гласина“.

„Дали оваа терапија за регенерирање на нервниот систем на мозокот функционира? Неможе да се знае, за жал. Можеби ќе знаеме повеќе во наредните недели и месеци. Но, знаеме нешто со сигурност – ова е трет престој на Шумахер тука со професорот Менаше. Ова е значи дека тоа е процес на терапија со специфични цели. И можеби со надеж за делумно закрепнување. И можеби и посуштински“.

„Според непотврдени информации, Шумахер веќе заминал. Тој бил или отпуштен во средата вечер или во четвртокот“, заклучува новинарот.

Слични содржини