Шумахер кажа какви се неговите шанси да го замени Хамилтон во Мерцедес

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Откако минатата недела официјално беше објавено сензационалната преселба на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари за сезоната во Формула 1 2025 година, големото прашање на многумина е кој ќе го заземе местото на седумкратниот светски шампион.

Еден од кандидатите за оваа позиција е Мик Шумахер, кој од почетокот на 2023 година е резервен возач на Мерцедес. Германецот ги прокоментира своите шанси да биде стартер за тимот од Бракли на вчерашниот настап на „Алпин“. Оваа сезона, Шумахер ќе ги комбинира своите должности на Мерцедес со тркачката програма на Светскиот шампионат за издржливост (WEC) со „Алпин“.

„Не размислувам многу за тоа. Задоволен сум со инженерскиот тим што го имам околу мене и имаме поголема јасност за тоа што ми треба како возач и тимот како целина. Мислам дека тимот го разбра мојот стил на работа и одлично соработуваме. Значи, главно размислувам како да ја продолжиме оваа соработка и овој начин на работа до крајот на годината. Би рекол дека сум прилично сигурен во таа насока. Да ја започнеме сезоната каде што ја завршивме претходната“, изјави Шумахер.

Слични содржини