Шумахер потпиша кацига за Стјуарт – Германецот сè поблиску да се врати во јавност

од Марта Пешевска
117 прегледи

Михаел Шумахер, поранешниот светски шампион во Формула 1, го привлече вниманието на јавноста со редок и симболичен гест,  потпиша кацига за својот поранешен соиграч, легендарниот Сер Џеки Стјуарт, објави британскиот таблоид The Sun. Шумахер, кој пред 12 години доживеа тешка несреќа на скијање и оттогаш е во вегетативна состојба, не се појавил во јавноста повеќе од една деценија.

Неговото семејство досега строго ги чуваше сите информации поврзани со неговата здравствена состојба. Поранешниот возач на Формула 1, Џони Херберт, изјави дека моментот кога Шумахер ја потпишал кацигата со помош на својата сопруга бил длабоко емотивен.

„Не сме виделе нешто толку емотивно со години. Се надевам дека ова е знак за подобрување. Тоа беше долго и ужасно патување за неговото семејство. Би било прекрасно повторно да го видиме Михаел во јавноста, не само во Формула 1, туку и во поширокиот свет, по сè што помина“, рече Херберт.

Потпишаната кацига ќе бидат понудена на аукција, а средствата ќе бидат наменети за добротворната организација „Трка против деменција“, иницирана од Џеки Стјуарт. Ова е најзначајната активност на Шумахер по несреќата, и покрај тоа што неговата здравствена состојба и натаму е обвиена со тајност. Фановите ширум светот, како и неговите поранешни соработници, се надеваат дека овој потег претставува почеток на ново поглавје во неговото закрепнување.

Слични содржини