Шумер го пофали Бајден како „вистински патриот и голем Американец“

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Лидерот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, денеска го пофали американскиот претседател Џозеф Бајден како „вистински патриот и голем Американец“, откако се откажа од кампањата за реизбор.

Шумер го пофали Бајден што ги ставил на прво место неговата партија и иднината на Соединетите држави.

„Џо Бајден не само што беше одличен претседател и голем законодавен лидер, туку тој е и навистина неверојатно човечко суштество. Неговата одлука, се разбира, не беше лесна, но тој уште еднаш ја стави својата земја, неговата партија и нашата иднина на прво место“, оцени Шумер, пренесе Си-Ен-Ен.

Слични содржини