Шумски пожар во атарот на село Ореше, општина Чашка

од Radmila Tasevska

Регионалниот Центар за управување со кризи – Велес известува дека според информацијата добиена од ТППЕ Велес, во 15.40 часот појавен е шумски пожар во атарот на село Ореше, општина Чашка.

– На терен ќе интервенираат пет вработени од ЈП Национални шуми-подружна едница Бабуна-Велес, како и дел од месното население од село Ореше. Известени се локалната самоуправа на општина Чашка, како и Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Велес, соопштија од Регионалниот ЦУК – Велес.

Слични содржини