Шутаров: Решение за јавниот превоз во Скопје е БРТ

од Nikola Popovski
288 прегледи

ЈСП го доведе на работ на функционалност, да нема автобуси, граѓаните да не може да стигнат никаде навреме, а вработените да не може да земат плата. Иако ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има мнозинство и е власт, на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства за да може да им се исплати плата, истакна на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

„Срамно, тажно и само поради лични хирови на Мицкоски, советниците на ДПМНЕ се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП.

Мораше да биде свикана уште една вонредна седница со голема поддршка од повеќе советнички групи во Советот на Град Скопје за да може да продолжи со работа ЈСП, а вработените да земат плата.

Советниците на СДСМ и коалицијата се на страната на работниците и на страната на скопјани и ве уверуваме дека ќе продолжиме да дејтсвуваме во интерес и за доброто на граѓаните“, истакна Шутаров.

Оценува дека сеопфатно решение за јавниот превоз во Скопје има. Тоа, како што истакна е Бас рапид транзит, и според него, што побргу овој проект треба да се релизира.

„За жал, 2,5 години ДПМНЕ го кочи проектот за БРТ, проект за кој има обезбедено финансиски средства, идејно решение, гарантиран проект од страна на ЕБОР, Владата, Министерството за финансии и Собранието, проект во кој Град Скопје нема да има никакви финансиски обврски. БРТ се кочи само поради лични и политички хирови“, додава Шутаров.

Слични содржини