Шутаров: Тендер од 136 милиони е причината за кавгата со Арсовска, Мицкоски да каже која е неговата улога?

од Берта Китинска
208 прегледи

„Пари од тендер вреден 136 милиони евра е причината за жестоките кавги меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски. Една година по локалните избори се виде вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија на која ѝ се битни само провизиите, тендерите со народни пари, не ѝ се важни интересите на граѓаните. Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да каже која е неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра?“ – прашува Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Тој посочи дека „по сите јавни обвинувања за наводен криминал, треба да реагираат и надлежните институции и да го истражат овој случај“.

„Ниту граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не. Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема. Тоа, со ваква градска власт, за жал не е возможно“, вели Шутаров.

Слични содржини