Не би сакал да верувам дека, додава соговорникот, некој намерно може со умисла да постапува толку спротивно од интересите на граѓаните и да работи директно на нивна штета, но меѓутоа, убеден сум дека се што не беше „прифатливо“ во изминатите четири години за мнозинство од членовите на Советот на Градот Скопје, сега магично после изборите во недела, истото ќе биде „прифатливо“, вели советникот во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров за проблемите со јавниот градски превоз и многуте ветувања на кандидатите за градоначалници на главниот град на Македонија.
Конкретно за проектот БРТ- Бас Рапид Транзит систем, Шутаров во разговор за „Локално“ вели дека четири години не беше прифатен на почеток ниту од градоначалничката Арсовска, а потоа и од мнозинството предводено од ВМРО- ДПМНЕ, бидејќи наводно се залагале со друг концепт на јавен превоз, за да во текот на кампањата за локалните избори да можеме да слушнеме од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, дека проектот ќе биде реализиран, но со одредени модификации.
И по изборите, проблемот со јавниот градски превоз ќе зависи од „како шефот ќе каже”