Шутиноски заминува од МЕМО: Во 2023 ја стартувавме македонската берза на електрична енергија

од Nikola Popovski
112 прегледи

Симон Шутиноски повеќе не е управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО. Тој во допис до јавноста се заблагодари за соработката и можноста за извршување на функцијата.

-По седум години, од кои од 2017 година до 2019 година, како директор на подружницата Оператор на пазарот на електрична енергија при АД МЕПСО и член на управниот одбор на МЕПСО, и од 2019 година до 2024 година, како основач и прв управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје, мојата функција официјално завршува денес.

Горд сум на успесите кои ги постигнавме заедно со тимот на МЕМО под мое водство, бидејќи визијата стана реалност. Во услови на најголемата светска економско-енергетска криза, во 2023 година ја стартувавме македонската берза на електрична енергија согласно европските трендови, која денес е подготвена за пазарно спојување со соседните берзи, најпрво со оние од земјите членки на ЕУ, преку проектите кои ги започнавме и и се во тек.

Уште еднаш, Ви благодарам на соработката и верувам дека и во идина ќе имаме можност за натамошна деловна соработка, стои во објавата на Шутиноски.

Зоран Ѓорѓиевски е назначен за нов директор на Националниот оператор.

Слични содржини