Швајцарија и Италија ја поместија границата на Алпите поради топењето на глечерите

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Швајцарија и Италија поместија дел од својата граница на Алпите поради топењето на глечерите предизвикано од климатските промени.

Дел од природната швајцарско-италијанска граница, која претежно е составена од глечери, се пресели во областите под Матерхорн, една од највисоките планини во Европа и во близина на голем број популарни скијачки центри, јавува Би-Би-Си.

Швајцарија официјално го одобри договорот за промена во петокот, но Италија допрва треба да го стори тоа. Претходно, во мај 2023 година, швајцарско-италијанската комисија го подготви договорот.

Според податоците на швајцарската мрежа за следење на глечерите (Гламос) од септември минатата година, швајцарските глечери изгубиле четири отсто од својот волумен во 2023 година, што е второ најголемо топење по рекордните шест отсто во 2022 година.

Рекордното топење на глечерите се објаснува со последователни многу топли лета и многу малку снежни врнежи. Истражувачите велат дека доколку продолжат ваквите временски шеми, топењето само ќе се забрза.

Швајцарија во петокот објави дека редефинирањето на границата е направено во согласност со економските интереси на двете страни.

Границата на Алпите ќе биде променета во регионот Плато Роза, во планинарскиот дом Карел и на планината Гоба ди Ролин, во близина на Матерхорн и популарните скијачки центри вклучувајќи го и Зермат.

Слични содржини