Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде на мировни преговори

од desk2
15 прегледи

Швајцарија ќе му даде имунитет на рускиот претседател Владимир Путин и покрај обвинението од Меѓународниот кривичен суд, под услов да дојде во земјата за да одржи мировна конференција, изјави денеска швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.

Минатата година, федералната влада ги утврди „правилата за доделување имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница“, имено: „доколку такво лице дојде на мировна конференција, а не ако дојде од лични причини“, рече швајцарскиот министер за надворешни работи на заедничката прес-конференција со својот италијански колега Антонио Тајани во Берн.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја покрена можноста за мировни преговори меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски во Европа.

„ора да биде во неутрална земја, затоа, можеби, во Швајцарија“, рече тој, додавајќи дека ќе се залага состанокот да се одржи во Женева, каде што се наоѓа европското седиште на ОН.

Швајцарија, исто така, одлучи да ги спроведе санкциите усвоени од Европската Унија по целосната инвазија на Русија врз Украина во 2022 година.

Рускиот претседател последен пат ја посети Женева на 16 јуни 2021 година, на средба со тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Слични содржини