Швајцарија подигна обвинение против македонски државјанин за тероризам

од Nikola Popovski
27 прегледи

Швајцарските федерални обвинители во вторникот подигнаа обвинение против две лица за тероризам и ширење на идеологијата на забранетата екстремистичка група Исламска држава во Швајцарија, објави „Асошиејтед Прес“. Станува збор за косовски државјанин и за лице со двојно државјанство на Македонија и Швајцарија.

36-годишниот Косовец и 33-годишниот државјанин со две државјанствa, кои не биле идентификувани по име, се осомничени за индоктринација, финансирање и регрутирање за швајцарскиот огранок на „косовска терористичка организација“, претежно во областа на Женева, во текот на изминатата деценија, соопшти Канцеларијата на швајцарскиот државен обвинител.

Двајцата мажи бле уапсени во септември 2022 година во врска со истрагата за нивната наводна поддршка на групата „Исламска држава“. Се тврди дека осомничените започнале кампања за собирање поддршка и средства за „салафистичко-џихадистичка идеологија“ со надеж дека ќе го дестабилизираат Косово и ќе заземат територии за да владеат според шеријатскиот закон.

Осомничените се соочуваат со обвиненија, вклучувајќи учество во терористичка група, поткуп на јавни службеници и перење пари, како и нелегално примање одредени социјални бенефиции во Швајцарија, соопштиле од Канцеларијата на обвинителот.

Случајот сега е префрлен во федералниот кривичен суд, соопшти агенцијата.

Слични содржини