234
Швајцарската полиција синоќа уби 32-годишен Иранец, барател на азил, кој четири часа држел 15 заложници во возот што сообраќал од Баулмс до Ивердон-ле-Бен.
Иранецот бил вооружен со секира и нож. Полицијата не соопшти детали за евентуалните мотиви на киднаперот.
Сите заложници се ослободени неповредени. Киднаперот е смртно повреден за време на интервенцијата, се наведува во денешното соопштение од полицијата.
Реткост е земањето заложници во Швајцарија, иако се случувале во банки и компании. Во јануари 2022 година вработени во компанија за производство на часовници беа земени како заложници и принудени да отворат трезор со благородни метали.