221
Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер го повика Маркус Рашфорд да го напушти „Олд Трафорд“.
Според Германецот, ова е единствениот начин 26-годишниот фудбалер да го открие целиот свој потенцијал.
„Би бил среќен да го видам Рашфорд во подобар тим, каде што ја добива топката во вистинските моменти. Тоа би било доста интересно. Во последните години тоа се случува доста ретко. Ако замине во друг тим, можеби дури и ќе го подобри квалитетот на играта. Тој е сè уште млад и сè уште е фудбалер кој може да решава натпревари, но во последно време тоа не се случува често“, рече Швајншајгер на подкастот на Гери Невил, The Overlap.