ШВАЈЦАРИЈА ГО ЗАБРАНИ РУСКОТО ЗЛАТО, ги замрзнува средствата на „Сбербанк“

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Швајцарската влада воведе нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина во согласност со најновите мерки на ЕУ за златото и производите од злато, објави владата на земјата.

Се додава дека на „Сбербанк“, најголемата руска банка, и е замрзнат имотот и дека и е забрането да обезбедува средства, економски ресурси или технички услуги.

Швајцарската влада соопшти дека новите мерки првенствено се однесуваат на забраната за купување, увоз или транспорт на злато и златни производи од Русија, додава Ројтерс.

Забранети се и услугите поврзани со овие стоки“, наведуваат од Владата.

Швајцарската влада нагласи дека направила два нови исклучоци кога станува збор за трансакции со земјоделски производи и испорака на нафта во трети земји, кои постојат и во ЕУ, со цел да се избегнат нарушувања во каналите за плаќање.

Владата наведува дека Швајцарија е посветена на решавање на глобалната криза со храна и енергија и забележува дека ниту една од мерките против Русија не е насочена против трговијата со земјоделски или прехранбени производи меѓу трети земји и Русија.

Слични содржини