Околу 321 милиони долари од јавни фондови украдени од поранешниот нигериски диктатор Сани Абача ќе бидат вратени на африканската земја, соопшти Швајцарија.

Парите, првично биле депонирани во Луксембург, а швајцарскиот суд ги конфискува во 2014 година, а лани во март двете земји потпишаа договор за нивно враќање.
„Во согласност со политиката за исплаќање на националното богатство одземено илегално, Швајцарија се договори со Нигерија и со Светската банка да врати близу 321 милиони долари за благосостојба на нигерискиот народ“, стои во соопштението на швајцарската влада.
Воениот водач Абача, кој беше на власт од 1993 година до неговата смрт во 1998 година, е осомничен дека проневерил 2,2 милијарди од Нигериската централна банка на начин што САД го нарекува „безобразни акти на клептократија“.
Според швајцарската влада овие фондови се замрзнати во легална процедура од јавниот обвинител во Женева против Аба Абача, син на Сани Абача.
Враќањето на парите ќе биде обезбедено и надгледувано од Светска банка, а овој потег треба да ја зајакне социјалната сигурност на најсиромашните во Нигаерија.
Кога договорот беше објавен, тогашниот министер за надворешни работи на Швајцарија Дидие Буркхалтер рече дека борбата против корупцијата е „еден од приоритетите на Швајцарија“.
Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари објави војна на корупцијата откако дојде на власт во 2015 година, апелирајќи дека парите украдени низ децении се превисоки.