На денешниот референдум Швајцарците одлучија да кажат „ДА“ за можноста за склучување истополови бракови, што е голем пораз за сите противници кои тоа го претставуваат како закана за благосостојбата на детето, пренесува Хина.
Според швајцарската федерална канцеларија 64,1 отсто од гласачите на националниот референдум, спроведен под швајцарскиот систем за директна демократија, гласале „за“ истополови бракови.
Можната победа на поборниците за истополови бракови не е изненадувачка, но сепак е нејзиниот размер, имајќи ги предвид противниците и шокантните изборни плакати кои ги користеле пред крај на кампањата.
Хомосексуалните партнери во Швајцарија формално можат да влезат во животно партнерство од 2007 година, но со новите измени ќе имаат нови права. Едно од нив е и можноста заедно да посвојат дете, а на женските парови ќе им биде дозволено да добијат дете со донација од сперма, што досега беше легално само за хетеросексуалните парови.
Wir haben Geschichte geschrieben heute! Die Schweiz sagt ja! 🌈✨ #ehefueralle pic.twitter.com/TPw5B404K1
— Ehe für alle (@ehefueralle_JA) September 26, 2021