Вучиќ: Додека сум претседател нема да потпишам ниту еден закон каде што ќе може да имате трет пол

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека побарал од премиерката Ана Брнабиќ „да не потпишува ништо“ во врска со истополовите бракови.

„Додека сум претседател нема да потпишам ниту еден закон каде што ќе може да имате трет пол, што не е машки и женски. Еден ден се чувствуваш како жена, следниот ден како маж. Сета лудост што ја има во тие „воук“ движења, нека ја има во вашата земја, нема во Србија. Не правете го тоа наша единствена тема. Да размислиме за напредокот на државата. Иако има иницијатива и Ана се бори за неа, јас ја замолив додека сум претседател да не потпишува истополови бракови. Тоа и го кажав. Тоа е моја грешка. Кога поради тоа не нападнат тие од ЕУ, нападнете ме мене, а не Ана Брнабиќ. Јас сум тој што не дозволува. Верувам дека сме традиционално општество. Не ми пречи ЛГБТ популацијата. Мој предлог беше Ана Брнабиќ. Но, сето тоа што го кажав додека сум претседател – не може“, рече Вучиќ.

Слични содржини