Швајцарија: Половина тон кокаин запленет во пратка кафе

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Швајцарската полиција соопшти дека запленила 500 килограми кокаин во пратката кафе која пристигнала во фабриката „Неспресо“.

Работниците во фабриката лоцирана во градот Ромонт веднаш повикале полиција откако пронашле бел прав во вреќи со зрна кафе. Властите потоа ја пронашле дрогата во уште пет контејнери, а првичната истрага покажува дека пратката пристигнала од Бразил.

Запленетиот кокаин е 80 отсто чист и има проценета улична вредност од околу 53 милиони долари, пишува Би-би-си.

„Ова е голема заплена за нашиот кантон, може да се каже извонредна“, рече Марк Андреј, шеф на обезбедувањето.

Слични содржини