Актерот Арнолд Шварценегер утринава со автомобил удрил жена која возела велосипед во Западен Лос Анџелес, пишува TMZ.
Според извештаите, до несреќата дошло кога жената излегла на спротивната лента, а несреќата не можела да се избегне.
Жената набрзо била пренесена во болница, додека актерот останал да разговара со полицијата.
Според гореспоменатите медиуми, истрагата е во тек, но засега според исказите на очевидците нема индиции дека актерот е виновен.
По несреќата, Арнолд Шварценегер го зел нејзиниот велосипед, го прикачил за својот автомобил и се упатил до локална продавница за да ја поправи штетата на возилото, пишува TMZ и наведува дека ниту еден од нив не бил под дејство на алкохол или недозволени супстанци и дека Шварценегер не возел брзо.