Шварценегер пуштен од притвор: Платил висока парична казна

од Stefanija Kuzmanovska
521 прегледи

Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер (76) вчера беше приведен на аеродромот во Минхен бидејќи не го пријавил скапиот часовник Audemars Piguet, поради што морал да плати казна од 35.000 евра, по што бил пуштен на слобода.

Според неколку германски портали, цариниците го пронашле луксузниот часовник во куферот на Шварценегер, кој пристигнал со лет од Лос Анџелес, а потоа го привеле актерот и го држеле три часа на аеродромот, пишува „Билд“.

Германскиот весник додава дека Шварценегер морал да плати половина од казната во готово, но бидејќи со себе немал 17.500 евра, службеници од аеродромот го придружувале до банка за да ги подигне парите, а остатокот го платил со картичка.

Часовникот што тој го носел, Audemars Piguet припаѓа на „големите три“ компании кои произведуваат часовници, со почетна цена по парче од 17.000 долари до 100.000 долари, наведува британски „Метро“.

На прашањето на „Билд“, Шварценегер рекол дека часовникот го понесол на самитот за климата во Кицбил и дека сакал да го донира во хуманитарни цели, додавајќи дека цената на часовникот е околу 20.000 евра, но германската царина го проценила на 26.000 евра.

Слични содржини