Шварценегер ги храни пони коњчињата во својот дом: Не излегуваме надвор

И додека упатствата и насоките како да се носиме со моменталната ситуација пристигаат од сите страни, своја порака сподели и поранешниот гувернер на Калифорнија и актер, Арнолд Шварценегер. На својот Инстаграм профил, со обожавателите, споделил видео во кое ги повикал и советувал да останат во своите домови, додека ги храни своите две пони коњчиња, Виски и Лулу.

– Останете дома што е можно повеќе. Слушајте ги експертите, тоа заедно ќе го решиме. Важно е да останете дома бидејќи на сила настапи полицискиот час. Никому над 65 години во Калифорнија не му е дозволено да излезе од дома. И тоа е тоа што го правиме: не излегуваме во ресторани, не одиме на никакви настани. Само јадеме со Виски и Лулу и добро се забавуваме. Погледнете како се насмеани – рекол актерот.

Слични содржини