Шварценегер ги поддржа Украинците: Ме инспирирате со вашата храброст

од Nikola Popovski

Холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Ардолд Шварценегер се појави на социјалните мрежи по руската инвазија на Украина.

„Моите мисли се со украинскиот народ. Од мене беше побарано да дадам неколку интервјуа, но верувам дека вестите треба да продолжат да се фокусираат на она што се случува на теренот, на трагедијата што ни ги скрши срцата и на храброста на украинскиот народ што не инспирираше“, ја започна Арнолд својата објава на социјалните мрежи.

„Не сум експерт за надворешна политика, па анализата ќе ја препуштам на попаметните од мене. Знам како е да растеш по војната, во окупирана земја и знам дека никој не победува во војната и после неа. Сите страдаат“, додаде тој.

Шварценегер се надева дека разумот ќе надвладее и дека војната ќе заврши.

„Војната ги уништува победниците заедно со поразените. Имам пријатели и навивачи од Украина и пријатели и навивачи од Русија. Колку што знам, никој од нив не го сака ова. Се надевам дека на крајот ќе победи здравиот разум и ќе ја заврши оваа непотребна војна пред премногу животите се скршени“, вели актерот.

„Во меѓувреме, јас сум со народот на Украина. Ја споделувам вашата тага и вашата надеж за мир. Ме инспирирате со вашата храброст и вашата хуманост во соочувањето со овој кошмар. Господ да ве благослови“, напиша тој на крајот.

Слични содржини