210
Шведска и Финска се договорија истовремено да аплицираат за членство во НАТО, пишува шведскиот весник „Експрес“.
Двете земји се договорија да аплицираат меѓу 16 и 22 мај, односно за време на посетата на финскиот претседател Саули Нинист на Стокхолм на 17 и 18 мај, пишува весникот, повикувајќи се на извор од шведската влада, а пренесува АП.
Финскиот Илталехти, исто така, објави дека Стокхолм му пренел на Хелсинки јасна желба двете земји да аплицираат за членство во Алијансата во исто време.