Шведска и Норвешка ги продолжија со уште 6 месеци граничните проверки , објавена ДПА и “Ксинхуа”. Двете држави ја продолжуваат граничната контрола до ноември поради приливот на мигранти.

Сепак Брисел побара привремената гранична контрола во Шенген да отпадне до ноември.
Потсетуваме дека , во почетокот на месецот Европската комисија препорача прекинување на привремената гранична контрола во Шенген во следните 6 месеци. Комисијата им препорачува на Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка да ја прекинат граничната контрола до ноември.
Шестмесечното продолжување е неопходно заради несигурната миграциска ситуација во Европа, изјави министерот за правда на Норвешка.
Норвешка не е членка на Европската унија, но е дел од Шенген зоната, во која граѓаните на 26 држави можат слободно да се движат без гранична проверка.
Владата на Шведска најави дека продолжува со пограничната контрола за уште 6 месеци. Шведската државна телевизија SVT информира дека строгите мерки се однесуваат за пристаништата долж јужниот и западниот брег, како и границата со Данска.
Двете држави воведоа ограничувања во врска со масовната имиграција кон Европа во 2015 година