
Шведска, која се определи за отворање како стратегија во борбата против коронавирусот, во однос на сите други европски земји, во изминатите седум дена има најголем број смртни случаи по глава на жител, пренесува Ројтерс.
Земјата одлучи да ги остави училиштата, рестораните и економијата отворена за време на пандемијата, а додека бројот на смртни случаи низ цела Европа опаѓа, Шведска забележа 6,25 смртни случаи на милион жители меѓу 12 и 19 мај.
Тоа беше највисоката стапка на смртност во Европа, повисока отколку во Велика Британија, која имаше 5,75 смртни случаи на милиони жители таа недела.