Шведска привремено ќе ја врати контролата на своите граници за да се справи со миграцискиот поток, кој му се заканува на јавниот ред и ја отежнува работата на имиграциските служби, објави министерот за внатрешни работи Андерс Југеман, цитиран од Франс прес.

“Во Шведска пристигнуваат рекорден број мигранти. Миграциските служба е под силен притисок, а полицијата смета дека постои закана за јавниот ред поради илјадниците мигранти без засолниште и непридружаваните деца кои исчезнуваат, бидејќи не може да бидат преземени од јавните служби” .“Затоа ќе ја вратиме контролата на националните граници од утре во 12.00 часот. (12.00 ч. по македонско време) за период од 10 дена”, додаде тој. Можно е Шведска, чие население е 9,8 милиони луѓе, да прифати во периодот 2015-2016 година до 360 000 мигранти. Тоа е највисокиот показател по глава на жител во ЕУ, забележуваат агенциите.