Шведска: На мажот кој го запали Куранот му е одобрен нов протест

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Шведската полиција денеска ја одобри пријавата на Ирачанецот Салван Момика за протестирање пред иранската амбасада.

Во претходните месеци, Момика, заедно со неговиот пријател Салван Нами, го палеше Куранот на протестите, што предизвика гнев и дополнително ја засили дипломатската криза меѓу Шведска и муслиманските земји ширум светот.

Новиот собир ќе се одржи во петок, во близина на зградата на амбасадата во Стокхолм.

Шведскиот премиер повика на внимателност поради зголемената закана од тероризам

Шведска спречи планирани терористички напади во таа земја, објави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон, откако безбедносните служби го подигнале нивото на проценката на терористичката закана од 4 на 5.

„Знаеме дека планираните терористички напади се спречени“, рече Кристерсон на прес-конференција.

Тој апелираше до Швеѓаните да продолжат да живеат обичен живот, но во исто време да бидат посебно внимателни.

Слични содржини