Шведска неделава ќе ја објави одлуката за истрагата за експлозијата на „Северен тек“

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Обвинителот што ја води шведската истрага за експлозијата на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море во 2022 година планира оваа недела да објави одлука дали да се откаже од случајот, да поднесе тужба или да побара апсења, соопшти денеска Обвинителството.

Веднаш по експлозијата Шведска објави дека при истрага во шведската економска зона на лице место пронашла траги од експлозив, „што значи дека се работи за саботажа“.

Шведска јавно не ги идентификуваше осомничените.

Данската полиција, која води сопствена истрага, денеска одби да ја коментира изјавата на шведското обвинителство.

Гасоводите кои пренесуваа руски гас во Германија беа сериозно оштетени во серија експлозии во шведската и данската економска зона во Балтичкото Море во септември 2022 година.

Слични содржини