257
Во Шведска, петта доза на вакцина против коронавирус се препорачува за ризични групи на луѓе, вклучително и бремени жени и оние над 65 години, соопштија властите.
Се препорачува бустер дозата да биде применета од 1 септември.
Властите додаваат дека земјата мора да биде подготвена за евентуална појава на заразата наесен или зима.
„Вакцината е нашата најсилна алатка за спречување на сериозни болести и смрт“, рече шведската министерка за социјални работи Лена Халенгрен, додавајќи дека пандемијата не е завршена.
Шведска брзо реагираше за време на пандемијата и никогаш не воведе локдаун, туку властите очекуваа индивидуална одговорност.