Шведска првично нема да препорачува вакцинирање на деца

од Stefanija Kuzmanovska

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирус на помлади од 18 години. Шведската влада има став дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, така што не им е потребна вакцина, пренесе „Нова.рс“.

Шведските здравствени власти ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел објасни дека Шведска функционира на принцип на доброволна вакцина, а тоа беше случај и за време на минатите пандемии, кога сеедно голем број луѓе беа вакцинирани.

„Веројатно имавме најголем процент на вакцинирани во светот“, додаде Тегнел.

„На почетокот, нема да биде најрелевантно да се вакцинираат деца, туку оние кои се ризична група – стари лица и оние кои работат со нив“, додаде тој.

Новинар на Си-Ен-Ен разговарал со семејство кое не е сигурно дали нивниот син ќе биде вакциниран поради тоа што тој има нарколепсија, нарушување на спиењето, која според неговиот лекар е предизвикана од вакцината против свински грип во 2009 година.

„По училиште немате енергија за ништо, па одите дома и играте игри“, рече 13-годишното момче.

Таткото и маќеата на момчето се исто така скептични, како и некои Швеѓани. Повеќето од нив сметаат дека сè уште е рано за вакцината или се плашат од вакцината.

 

loading...

Слични содржини