Шведска се согласи со барањето на Анкара за екстрадиција на турски државјанин

од Nikola Popovski
122 прегледи

Шведска се согласи да го екстрадира турскиот државјанин, 29-годишниот Омер Алтун, кој беше осуден на 15 години затвор за измама во Турција.

Оваа екстрадиција се случува во време кога Турција постојано одбива да се согласи за прием на Шведска во НАТО.

Екстрадицијата на луѓето што ги бара турското правосудство и одбивањето на Шведска да ги исполни барањата на официјална Анкара е едно од прашањата што досега ја спречуваа Турција да се согласи со прием на Шведска во НАТО.

Освен тоа, властите во Анкара бараат од владата во Стокхолм поостри мерки против курдските активисти во Шведска, кои турските власти ги нарекуваат терористи.

Екстрадицијата на Омер Алтун беше одобрена од шведското Министерство за правда откако шведскиот Врховен суд даде зелено светло, а во писмената одлука издадена на 30 март, шведската влада соопштила дека „повеќе не гледа никакви пречки за екстрадиција“.

Слични содржини