Шведска забранува 5G опрема на кинески Huawei и ZTE

од Vladimir Zorba

Шведска, како национална мерка за безбедност, воведува забрана за опрема на кинеските групи Huawei и ZTE за 5G телекомуникациски мрежи, пренесe Франс прес.

Инсталираната опрема на овие кинески производители ќе треба да се отстрани до 1 јануари 2025 година, соопшти шведскиот орган за телекомуникации.

Забраната е последица на усвојувањето на новиот закон на почетокот на годината и е резултат на проценка на воените и разузнавачките власти кои се обидуваат да осигурат дека „употребата на фреквенции не ја загрозува безбедноста на Шведска“, се вели во соопштението.

Шведска, чија компанија Ericsson е конкурент на Huawe, се приклучува на Велика Британија во забраната.

Неколку европски земји постепено ги затвораат вратите на нивните телекомуникациски мрежи или размислуваат да го сторат тоа.

Распоредувањето на 5G инфраструктура во Европа забави заради пандемиските и геополитичките тензии меѓу САД и Кина.

Европската унија вети дека ќе го зголеми развојот на 5G мрежите преку обезбедување достапност на 5G радио-спектар пред крајот на 2020 година.

Слични содржини