Шведската група Аба бара од Трамп да не ја користи нивната музика во кампањата

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Откако нивниот хит „The Winner Takes it All“ беше отсвирен на еден од предизборните митинзи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, шведската група Аба објави дека не дале дозвола и побараа да им бидат отстранети песните.

Песните и видеата на групата, вклучително и Money, Money, Money и Dancing Queen, беа објавени на настан во Минесота во јули, според шведскиот весник Svenska Dagbladet.

Во изјавата за новинската агенција Ројтерс, од издавачката куќа Универзал мјузик се вели: „Заедно со членовите на групата Аба, откривме дека се објавени видеа во кои нивната музика се користела на настаните на Трамп и затоа побаравме нивната музика да се отстрани“.

Тие додаваат дека не му била дадена дозвола на Трамп или неговата кампања.

Шведските ѕвезди се последните во долгата листа на уметници кои се противеа на тоа Трамп да ја користи нивната музика во претседателската кампања.

Оваа недела, членовите на бендот Foo Fighters објавија на социјалните мрежи дека не дале дозвола My Hero да се користи на митингот на Трамп. Кампањата на Трамп објави дека имаат дозвола да ја користат песната, пишува весникот Independent.

Портпаролот на бендот рече дека сите хонорари добиени од кампањата на Трамп за споменатата песна ќе бидат донирани за кампањата на демократската кандидатка Камала Харис.

Слични содржини