Министерката за европски прашања на Шведска, Јесика Розенкранц информира дека денешниот ден од посетата во Македонија, го започнала со познатата симит погача. Министерката го пофали мултикултурното богатство на Скопје и наброја дел од симболите на главниот град.
„Започнување на денот во Скопје со локален специјалитет! Нашата министерка за ЕУ, Јесика Розенкранц, започна напорен ден со енергичен појадок пред нејзината прва средба со министерот за ЕУ, Муртезани, и МЕА. Солено „лепче во лепче“ – симит погача, типично пециво од Скопје, и каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед на еден од најзначајните погледи во градот: Камениот мост, Тврдината Кале, Старата чаршија, Црквата „Св. Димитрија“, Даут-пашин амам, Мустафа-пашина џамијата. Сè во еден кадар – поглед што совршено ја раскажува приказната за богатото мултикултурно наследство на Скопје и живописното општество на Северна Македонија. Шведска и Македонија = Заедно посилни“, се вели во објавата на Шведската амбасада на социјалните мрежи.
„Шведска цврсто стои зад Северна Македонија, ние ве поддржуваме како со политичка волја, така и со конкретни чекори. Моето охрабрување до вас е да го искористите моментумот на проширување додека е тука, додека постои нова енергија меѓу земјите-членки за овој процес. Со сегашните безбедносни предизвици со кои сите денес се соочуваме, работејќи денес заедно како Европејци е многу поважно од кога и да било и нашата соработка е клучна за да се обезбеди мир, демократија, безбедност и просперитет во Европа и многу ги ценам разговорите што ги одржавме денеска. Ова го истакна шведската министерка за европски прашања на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
-Горда сум што претставувам Влада којашто има широка поддршка за проширувањето на ЕУ. Според последните истражувања Шведска е меѓу земјите со најсилна поддршка меѓу сите земји-членки, 79 проценти од шведската јавност го поддржува проширувањето и тоа ме прави горда но и убедена дека се движиме кон вистинскиот правец, рече Розенкрац.
Таа посочи дека проширувањето на ЕУ е суштинско за градење на побезбеден континент и поисилна економија и оти во интерес на целата Унија е затоа Македонија да успее со реформска работа и да се приклучи во ЕУ.