Шведски атлетичар постави нов светски рекорд

од Stefanija Kuzmanovska

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на отворено.

Најдобриот скокач со стап денеска го собори сопствениот рекорд кој сега изнесува 6,16.

Претходниот најдобар резултат беше 6,15 поставен во март 2020 година. Дуплантис го собори и светскиот рекорд во сала оваа година.

Тоа го направи на Светското првенство во сала во Белград.

Дуплантис е роден во САД, но настапува под шведско знаме и освои златен медал на Олимписките игри во Токио.

Слични содржини