Најдобар прилог кој можете да го послужите со било кое јадење…

СОСТОЈКИ:
1 кг компири
малку масло
сол по вкус
200 гр кашкавал
100 гр шунка или сувомеснато по избор
2 шолји павлака за готвење или бешамел сос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите излупете ги и исечкајте ги на ленти но не до крај, компирите треба да останат составени на дното. Премачкајте ги со масло со помош на четка, посолете и печете во рерна на 200 степени окполу 1 час.
Дел од кашкавалот и шунката исечкајте на парчиња па редете во засеците на печените компири (шунка-кашкавал-шунка и така додека не ги наполните сите компири). Потоа прелијте сè со бешамел сос и посипете со останатиот рендан кашкавал.
Запечете уште 20 минути на 200 степени и вашиот шведски компир е готов!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=yiNJG0ecOYQ
Добар апетит!