Шведски репрезентативец колабирал во неговиот дом, не можат да му постават дијагноза

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Шведскиот интернационалец Кристофер Олсон бил хоспитализиран и приклучен на механичка вентилација откако колабирал дома. Ова го соопшти неговиот клупски тим Митјиланд за да го објасни неговото отсуство на неодамнешните тренинзи и натпревари.

Во соопштението на данскиот клуб се вели дека Олсон изгубил свест во својот дом на 20 февруари и веднаш бил пренесен во болница во Архус. Покрај тоа, Митјиланд напиша дека 28-годишниот шведски играч од средниот ред боледува од „акутна болест на мозокот“. Лекарски тим неуморно работи на дијагностицирање на фудбалерот и започнување на лекување.

Целиот свет сè уште се сеќава како данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен колабираше за време на натпреварот против Финска за ЕП 2020. Подоцна беше откриено дека доживеал срцев удар.

Како млад, Кристофер Олсон важеше за голем талент и беше регрутиран во академијата на Арсенал од Арсен Венгер. Тој забележа само еден настап за „топџиите“ во Лига купот пред да се врати дома во Данска каде стана дел од Митјиланд. Тој потоа ја продолжи својата кариера во шведски АИК, руски Краснодар и белгиски Андерлехт пред да се врати во Митјиланд.

За репрезентацијата на Шведска има 47 натпревари.

Слични содржини