Од 1 јули менито во шведскиот ресторан “Авенифамилиен” ќе вклучува чинии за кучиња, како и специјално безалкохолно “кучешко” пиво, направено од телешко месо супа.
“Веќе неколку години ние ги пуштаме кучињата во нашите ресторани – следниот чекор беше да обезбедат чинии со вода, а сега веќе нудиме и специјално кучешко мени”, изјави сопственикот на синџирот, дел од кој е “Авенифамилиен”, Тобиас Хамберг.
“Повеќето кучиња преферираат телешко и обично тие се хранат на земјата, во близина на нозете на своите сопственици”, додава тој.
Исто како што некои други места за јадење во светот, каде што се нуди јадење миленичиња, “Авенифамилиен” се надева дека ќе привлече повеќе клиенти кои не би сакале да го остават миленикот дома додека се на вечера.
Специјалитетите за најдобариот пријател на човекот нема да се подготвуваат во ресторанот, а ќе се купуваат готови од компанија производител во Стокхолм и ќе чинат 50 круни или 5 евра.
“Секторот на храната е многу конкурентен пазар – ние секогаш нидиме начини за создавање на конкурентни предлози за нашите клиенти. Во моментов пуштаме кучиња. Но кој знае – во иднина може да изградиме ресторан само за миленичиња “, се шегува Хамберг.
