Шведското обвинителство поведе истрага за големиот број смртни случаи во домовите за стари лица

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Шведското обвинителство соопшти денеска дека ќе започне прелиминарна истрага за домот за стари лица „Берга“ во Солна кај Стокхолм, каде за време на пандемијата од коронавирус починале голем број на постари лица.


Обвинителството посочува дека првичната истрага е покрената поради неколку прекршувања на Законот за работна околина.

– Имаме информации за високата стапка на смртност кај штитениците во домот, дека неколку работници биле заразени со вирусот и дека не биле следени основните мерки за заштита – се наведува во огласот.

Пандемијата удри во домовите за стари луѓе во Шведска, а не само во Стокхолм, каде вработените во болниците јавно предупредуваа за недостаток на заштитна опрема како што се маски.

Посетите во домовите на старите лица се забранети во Шведска, како дел од рестриктивните мерки од 1 април.

Шведските медиуми објавија на 29 мај дека околу една четвртина од жителите на домовите починале помеѓу средината на март и средината на април.

Шведска не воведе целосна блокада, забранети беа собири на над 50 лица, а часовите во училиштата и колеџите се спроведуваа преку Интернет.

Во Шведска, од вирусот почина досега 3.040 луѓе, додека скоро 25.000 биле заразени.

Слични содржини