Шведското претседателство започна консултации за барањето на Косово за членство во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Шведското претседателство на ЕУ започна консултации со земјите членки во врска со барањето на Косово за членство во Унијата, изјави денеска шведскиот амбасадор во ЕУ Ларс Даниелсон.

Тој додаде дека не сака да шпекулира какви ќе бидат резултатите од тие консултации, пренесува „Коха“.

Шведска започна консултации во својство на претседавач со ЕУ.

„Се консултираме со многу земји за да видиме како ќе одлучиме за ова барање. Имаме пет земји кои не го признаваат Косово и природно е прво да се консултирам со нив. Веќе се сретнав со некои од нив и ги продолжуваме средбите“, рече Даниелсон на средбата со акредитираните за новинари во Брисел.

Тој појасни дека одлуката како да се постапи по барањето на Приштина е процедурална но и политичка.

„Тоа е процедурално, но има и политичко значење. Не сакам да ги прејудицирам резултатите од консултациите. Имаме две алтернативи да го доставиме до Комисијата или да не го доставиме. Работиме на овој случај со голем ентузијазам“, рече Даниелсон.

Според процедурите на ЕУ, откако една земја ќе поднесе барање за членство, Советот бара од Европската комисија да подготви мислење за тоа дали апликантот ги исполнува условите за кандидатски статус и за почеток на преговорите за членство.

Слични содржини