Швеѓани украле кралски скапоцености и побегнале со глисер

од desk2
108 прегледи

Кралски скапоцености од непроценлива вредност биле украдени од катедралата Странгнас на југоистокот на Шведска, а потоа крадците побегнале со глисер. Потрагата по нив е во тек.


Помеѓу украдените предмети се две кралски круни што им припаѓале на Кралот Карл Деветти и на кралицата Кристина, како и кралски кристална топка.

– Украдените кралски предмети се дел од нашата национална култура. На овој начин се сквернави шведско општество, изјави старешината на катедралата Кристофер Лундгрен.

Карл Деветти владеел со Шведска од 1604. до својата смрт во 1611 година.