Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Серија движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија во Украина и царините за европските производи. Застапниците на бојкотот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.

Вакви движења за бојкот на производите од САД има и во Шведска, а се организирани преку социјалната мрежа Фејсбук. Имено, на Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ која обединува 67.000 корисници на оваа социјална мрежа и „Bojkotta varor från USA“ која собира повеќе од 70.000 корисници.

Од Швеѓаните се бара да не купуваат производи и услуги од некои од водечките американски брендови, вклучувајќи ги McDonald’s, Coca-Cola, Nike, Levi’s, Netflix, Google и Airbnb.

Јанике Кохинур, креаторката на групата „Bojkotta varor från USA“, рече дека се чувствува должна да го стори тоа, иако е шведска државјанка.

„Бидејќи не можам да гласам на американските избори и да протестирам на американските улици, почувствував дека морам да направам нешто“, рече Кохинур.

Нејзината страница споделува препораки за алтернативни производи на американските, но за некои не е лесно да се бојкотира.

„Тешко е бидејќи сè има американско влијание. Така што е навистина тешко. Тогаш треба да бојкотирате речиси се“, напишал еден од членовите на споменатата група на Фејсбук.

Понатаму, еден член напиша дека ја разбира иницијативата, но призна дека може да биде тешко да се убедат луѓето да ги бојкотираат американските производи бидејќи кога купуваат, тие можеби не размислуваат од каде доаѓаат тие производи.

Кохинур истакна дека била критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки конгломерат Meta. Сепак, како што наведе таа, нема подобра алтернатива и дека луѓето ќе мора да се менуваат како што ќе се појавуваат алтернативите, пишува Euronews.

Слични содржини